Скопската полиција синоќа околу 22:30 часот добила пријава за смртта на актерката Билјана Беличанец.
Како што информираат од МВР, нејзиниот сопруг пријавил дека во неговиот стан на улица „Истарска“, го пронашол безживотното тело на неговата 45-годишна сопруга, која си го одзела животот.
Сопруг на Беличанец е режисерот Сашо Миленковски со кого неодамна таа стапи во брак.
Инаку, смртта кај познатата актерка настапила како последица на бесење, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од страна на Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција, информираат од МВР.