Телото на Бата Живоиновиќ ќе биде ексхумирано и пренесено во друг гроб, односно, во гробот на неговата сопруга Лула, во родното место на глумецот Корачица.
Градоначалникот на Белград, Зоран Радојчиќ денеска го потпиша одобрението за ексхумација.
-Семејството на Велимир Бата Живоиновиќ изрази желба за скхумирање на телото на легендарниот глумец кој е погребан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во 2016 година. Телото ќе биде пренесено во дворот на црквата Света Троица во Корачица, родното место на Бата, на кое му се воодушевуваше и остана поврзан за него. Градот Белград ја почитува вољата на семејството на големиот великан на југословенскиот и српски филм, – изјавил Радојчиќ.
За потсетување, сопругата на Бата, Лула Живоиновиќ почина на 20 декември, 2019 години и погребана е во Корачица, во дворот на црквата Света Троица.