Британскиот пејач Роби Вилијамс открил дека за малку ќе умрел благодарение на исхраната која што подразбирала многу морска храна, а која што ја практикувал самиот тој.
Имено, пејачот открил дека во еден момент имал толку високо ниво жива во организмот, што можело да заврши фатално“, пренесува „Mirror“.
Докторите објасниле дека Роби премногу уживал во консумирањето туна и лигни, што за малку ќе завршел фатално затоа што морските плодови изобилуваат со жива. До тоа откритие Роби дошол откако направил рутински тест на крвта.
Резултатите покажале дека нивото на жива кое што може да се смета за токсично го има во телото, а докторите објасниле дека со тоа во ризик се белите дробови, но може да добие и канцер на кожата.
„Јадев морски плодови двапати дневно и го имав највисокото ниво жива во телото кое што докторите некогаш го виделе. Се тестирав на жива затоа што мојата сопруга е невротична по тоа прашање и ги прави сите можни тестови. Во секој случај, благодарен сум му на Бог затоа што можев сега да бидам мртов, како последица на труење со жива и арсен“, изјавил Роби.
По ова сознание Роби се вратил на веганската исхрана која што прво ја започнал во 2017-та година.
„Еден ден по тоа што ми го соопштија докторите, се вратив на веганската исхрана“, вели Роби.
Инаку, Роби Вилијамс во очи на божиќните и новогодишните празниците издаде нова песна насловена „Не можете да го сопрете Божиќ“.
„Каква мизерна година, какво време да се биде жив? За жал некои пријатели исчезнаа, никогаш порано не било вака, како да сме во војна…“ – пее еден од најпопуларните изведувачи.