Човечкото тело е во состојба да испрати предупредување за срцев удар неколку денови, дури и неколку недели порано, пред да се случи.
Најчести симптоми на оваа кобно заболување се болки во стомакот, лошо варење, замор и остра болка во грбот. Исто така, острата болка на некој друг дел од телото, освен во градите, лесно може да укаже на претстојен инфаркт. Таквите болки најчесто ги напаѓаат надлактицата, грбот, вратот , вилицата , па дури и стомакот. Сепак, пациентите обично ја игнорираат болката во мускулите, која е краткотрајна и не стравуваат дека тоа може да биде опасно за нивниот живот. Според лекарите, овие болки може периодично да се појавуваат и исчезнуваат и до еден месец пред да дојде до срцев удар.
Болката во другите делови на телото е најчест симптом за срцев удар кај жените, а поретко кај мажите. Жените честопати чувствуваат гадење и потење, кои исто така, може да се симптоми на инфаркт, особено ако тие се случуваат во комбинација со други симптоми . Ако добиете, болка во градите или наведените сиптоми се повторуваат почесто, под итно, треба да се обратите на лекар.