Рускиот православен свештеник Вјачеслав Баскаков сака луксузна гардероба. Тој тоа до пред одредено време со задоволство го споделуваше со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а меѓу омилените брендови му се „Гучи“ и „Луј Витон“.
Неговите следбеници можеа да видат дека тој, освен чевли и чанти од брендот „Гучи“, од кои една чини дури 3.400 долари, сака и влечки, чанти и куфери од брендот „Луј Витон“. Интересно е што чевлите на „Гучи“ ги искомбинира со женска чанта од истиот бренд. Чевлите на една од фотографиите чинат повеќе од илјада долари.