Додека пратничката Гордана Силјановска Давкова говороше, пратеникот Дарко Каевски играше видео игри на денешната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието.
Видеото на социјалната мрежа Фејсбук го објави новинарот на Алфа Матеја Петровски.
„За тоа ли ве плаќаме? Земате плата за да си играте тетрис на работа?“
„Тежок е животот на пратенците, еве видовме“
„Го помина нивото на играта или му требаат врски?“, се дел од коментарите на Фејсбук.