Зоран Ставрески ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за гувернер на Народна Банка, дознава ТВ21 од свои извори. Одлуката е донесена, поради искуството на Ставрески кој беше чувар на државната каса повеќе од шест години, но и неговото работно искуство во Светска банка каде работел од февруари 2006 година.
Од јули 2009 година, по разрешувањето на дотогашниот министер за финансии Трајко Славески, бил избран за министер за финансии.
Овој економист со магистерски труд „Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти – случајот на Република Македонија“, е еден од ретките кој влезе во Владата без книшка на ВМРО-ДПМНЕ.