Познатиот фитнес-инфлуенсер од Украина, Дмитриј Стужук починал од коронавирус, само неколку недели откако на следбениците им рекол дека болеста не постои, пренесува Sky News.
Украинецот (33) бил заразен во Турција, од каде бил префрлен во болница во Украина. Тој останал таму вкупно осум дена, но потоа поради компликација со срцето бил итно пренесен во болница.
“Неговото срце не можеше да издржи. Тој беше во несвест долго време, лекарите се бореа за неговиот живот”, изјавила неговата поранешна сопруга Софија која ќе се грижи за нивните три деца.
Претходно додека беше во болница Стужук се жалеше на условите во болницата.
“ Болницата е полна со луѓе, некои се сместени по ходниците, нема храна, нема вц хартија, нема прибор… Никој за такво нешто не ме предупреди. Состојбата во нашата земја заслужува посебен пост – напиша тој.