Џон В. Мекданиел (60) од Охајо, кој тврдел на Фејсбук дека коронавирусот е измама и дека карантинот е „глупост“, починал од коронавирус, пренесува Њујорк пост.
Тој бил тестиран на коронавирус на крајот на март и добил позитивен резултат, а починал од коронавирус минатата среда.
Само неколку недели пред да се испостави дека е заразен, Мекданиел на Фејсбук напишал дека коронавирусот е „политичка измама“, а карантинот е „глупост“.
-Дали некој има храброст да каже дека Ковид-19 е политички измама? Прашувам за пријател. Докажете ми го спротивното “, напишал тој.
– Ако, она што го слушам е точно, Девајн (гувернер на Охајо) нареди да се затворат сите барови и ресторани. Јас велам дека тоа е глупост! Тој ги нема тие овластувања. Ако сте параноични околу тоа дали ќе се разболите, не излегувајте. Вие не треба затоа да не спречувате да ги живееме нашите животи. Ова лудило мора да запре – била уште една од неговите пораки.
Инаку, во Охајо, има 12.500 потврдени случаи на инфекција со коронавирус, а 491 лица починале. Мекданиел е првиот во својата област што умрел од коронавирус.