Модната креаторка Тања Кокев ќе ја облече екипата на „Медена земја“ на свеченото доделување на Оскарите во февруари во Беверли Хилс, Лос Анџелес, -објави креаторката на својот Фејсбук профил заедно со нивна зедничка фотографија.
Предуцентот Атанас Георгиев, режисерот Љубомир Стефанов и кинематографите Фејми Даут и Самир Љума ќе носат смокинзи кои се веќе готови, додека се очекува враќањето на режисерката Тамара Котевска од Еквадор за да се финализираат креацијата за неа.
Инаку, 92-то издание на оваа престижна свеченост ќе се одржи на 10 февруари, во театарот „Долби“ во Беверли Хилс.