Татјана Матејаш Камерон, позната како Тајчи, била гостинка кај Татјана Јуриќ во поткастот „Skip or Beep bravo!“. Таа се присетила на тешките моменти од нејзиниот живот, открила зошто заминала во Америка во целосна анонимност на врвот на својата слава, но проговорила и за сексуалното злоставување кое го доживеала како тинејџерка.
Имено, Тајчи во тинејџерските години била силувана. Со години потоа, таа се борела повторно да се сака себеси и да си ја врати самодовербата. „Рековте дека одамна му простивте на злоставувачот, силувачот, но себеси долго време неможевте. На кој начин се преиспитувавте себеси?“, ја прашала Татјана Јуриќ.
„Немав алат, тоа е проблемот, како јас лично бев програмирана од околината, со време, го потиснав длабоко, длабоко во себе … Баба ми знаеше да каже – јас тоа ќе го понесам во гроб … Затоа одлучив никогаш никому ни случајно да не кажам, туку да го понесам во гроб“, одговорила Тајчи.„Ниту на мајка ви“, ја прашала Татјана. „Ниту на неа, затоа што ако ѝ кажев немаше повеќе никаде да ме пушти сама, дури ни во теретана, а се плашев да ѝ кажам бидејќи сакав да ја заштитам. Како да ѝ кажам на мајка ми нешто толку ужасно? Срцето ќе и се скршеше“, одговорила музичарката.
Никогаш не го пријавила човекот кој ја злоставувал
„Нема име, не е ни важно затоа што помина толку време, не можеш сега да туку така да бараш некого … Не знам ниту дали тој човек воопшто е жив, а од друга страна, да вложувам енергија во тоа … И тие мажи, и на нив тоа им се случува како последица на некоја траума“, тврдела Тајчи која денес им помага на жените во затвор.
„Работам во затвор со жени кои поминале низ сè, многу полошо од мене … Со жени кои биле тотално робови. Жртвите на сексуалното ропство не се врзани. За жал, кога полиција ќе запре автомобил во кој се две девојки „кои припаѓаат некому“, никогаш нема да дадат до знаење, бидејќи се плашат и се изманипулирани. Преку мојата работа со овие жени придонесувам тоа да се промени, преку начинот на кој ги воспитувам моите тројца синови, јас тука ја гледам сета моја одговорност таму … Општеството треба да се исцели! Нормално, ако тоа се случи сега, би отишла и би рекла – овој човек, морате да го лекувате, но кога веќе ќе помине толку долго време, постојат други начини на кои можеме да влијаеме за да спречиме тоа да не се случува и повторува“, тврдела таа.