Постарата ќерка на најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ, Уна, откако стана полнолетна почна да објавува фотографии на социјалните мрежи, особено, активна е на Инстаграм.
Имено, Уна учи во најдоброто и најскапо приватно средно училиште во Белград, каде моментно е ученичка во последната, четврта година.
„За основното образование на неговата прва ќерка, Чола искеширал 68.000 евра, додека за школувањето во средното училиште до скоро дал повеќе од 50.000 евра,колку што чини еден стан во предградието на Белград. Возач Уна секојдневно ја вози до училиштето, а неодамна положила и возечки испит, па сега има дозвола и свој автомобил, за да може да се вози самата“ – вели извор за српски Телеграф, инаку пријател близок до семејството на најголема регионална музичка ѕвезда.
Уна ја сака модата, носи брендирани чевли и торби, а има и чести патувања надвор од Србија, каде што престојува во најлуксузните хотели.
“„Уна е добро дете, добро учи и има добар однос кон родителите. Само е размазена, како и нејзината сестра. Мајка им е целосно посветена на нив и секој нивни чекор. Уна постојано излегува во популарни клубови со врсниците. Таа е омилена во друштвото и има неколку свои најдобри пријатели, кои исто така се од богати семејства. Тие сакаат да вечераат во најдобрите белградски ресторани со пријателите и семејството. Уна сака шминка и фотографирање, а тато и дозволува и ќе стори сé, зашто сака неговите ќерки да уживаат во животот и неговата кариера да не им биде товар“ изјави за курир. рс една од пријателките на семејството Чолиќ.
Иако никогаш не објавила фотографии со него, ќерката на Чола не крие дека е во врска со извесен Марко, кој е од богато семејство и живее на релација Германија-Србија.