Секој хороскопски знак е различен и секој има различни тајни, навики и верувања кои можеби не им се јасни на другите.
Овен
Мотото на Овните е едноставно: Ако можам јас, можете и вие. Тие немаат време за луѓе кои отстапуваат. Делуваат импулсивно и никогаш не губат време. Нивниот менталитет ги тера секоја обврска да ја завршат најбрзо што можат. Овните тешко се вљубуваат бидејќи според нив, довербата треба да се заработи. Кога сакаат нешто, го добиваат тоа. Одлучно се движат кон нивната цел и ништо не може да ги спречи.
Бик
Биковите се стабилни, но ако ги предизвикате можете да се соочите со вистинска бура. По природа овие луѓе се опуштени и трпеливи, и потребно е многу за да ги разгневите. Никогаш не се откажуваат од нивните цели и ретко го менуваат мислењето. Како партнери тие се верни, а ако ја изневерите нивната љубов, ќе станат ладни и недостапни.
Близнаци
Близнаците се луѓето кои најмногу се грижат, но ретко го покажуваат тоа. Никогаш не се оптоваруваат со тоа да остават добар впечаток бидејќи знаат дека вистинските луѓе веднаш ќе ги препознаат. На сите нешта им пристапуваат рационално и не им дозволуваат на емоциите да владеат со нивните одлуки. Близнаците можат да направат сè што ќе замислат.
Рак
Раковите секогаш се овде за саканите, дури и кога не се во најдобри односи. Никогаш нема да ја одбијат личноста со којашто се поврзани. Доколку се расправаат со сакана личност, целиот ден ќе мислат на ситуацијата, односно додека не се реши проблемот. Понекогаш кога се гневни сакаат да игнорираат. Сепак, секогаш ќе бидат ваше рамо за плачење и веруваат дека сите луѓе можат да се променат.
Лав
Понекогаш е тешко да се справите со Лавовите и мора да бидете подготвени за предизвик. Ако сте слаби, ќе немате шанси. Со Лавовите има само еден начин, а тоа е нивниот. Доколку ја повредите нивната гордост, веројатно ќе ве избришат од нивниот живот. Кај нив нема игри – она што го гледате е и она што ќе го добиете.
Девица
Девиците ги ценат малите нешта кои обично поминуваат незабележани. Тие се прецизни и педантни, а кога ќе ветат нешто си стојат на нивниот збор. Организирањето им е силна страна и нивните планови се разработени и до најситниот детаљ. Доколку добиете критика од Девица, тоа не значи дека не ѝ се допаѓате. Тоа ѝ е начин да ви покаже дека се грижи за вас. Кога нештата не одат по план, Девиците се повлекуваат и наново ја проценуваат ситуацијата.
Вага
Неодлучните Ваги сакаат секоја ситуација да ја претворат во расправа. Доволно се зрели за да признаат кога грешат, и доволно се силни да ги исправат тие грешки. Вагите не избрзуваат од заклучоците и потребно им е време да ја донесат вистинската одлука. Тие секогаш се борат за она што го сакаат.
Скорпија
Скорпиите мислат дека знаењето е моќ. Поради ова се чувствуваат како да изгубиле дел од моќта кога ќе споделат нешто лично за нив. Тие се лојални партнери и пријатели и знаат како да им угодат на другите. Ако ги лажете, ќе платите за тоа. Знаат како да ја извлечат вистината од секого. Подготвени се да жртвуваат многу за одмазда, па бидете внимателни.
Стрелец
Стрелците секогаш живеат на работ. Тие ги сакаат возбудите и новите искуства, па кога нешто им изгледа интересно никако не го пропуштаат. Стрелците не се извинуваат за нивното мислење и сметаат дека доколку не можете да ја поднесете нивната вистина, не би требало да бидете пријатели. Овие луѓе ќе направат сè за нивниот партнер кога се вљубени.
Јарец
Јарците имаат мал круг на пријатели. Гужвите им предизвикуваат драма што сакаат да ја избегнат по секоја цена. Доколку се почувствуваат издадени, тешко простуваат и забораваат. Малку е потребно за да ги усреќите Јарците. Тие имаат голема верба во себе и во нивните способности. Не постои нешто што овие луѓе не можат да го направат.
Водолија
Водолиите им дозволуваат само на неколку одбрани луѓе да им се приближат. Тие се независни и си го живеат животот по нивно темпо. Навистина сакаат да ги едуцираат луѓето кои се убедени дека знаат сè. Ексцентрични се и понекогаш ги шокираат другите. На Водолиите најважен им е квалитетот, а не квантитетот. Сакаат автентичност и ги презираат копиите. Тие секогаш наоѓаат решение и никогаш не се жалат.
Риби
Рибите простуваат, но никогаш не забораваат. Кога се вознемирени, немојте да се шегувате на сметка на нивните проблеми. На Рибите им е потребна поддршка и нема да им се допаѓа ако сте незаинтересирани. Тие сочувствуваат со сите и би направиле сè за да помогнат некому. Рибите имаат големо срце и ако ја заслужувате нивната љубов, тие се подготвени на секаква жртва за вас.