Тајна средба меѓу Кристијано Роналдо и Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

by Тони Зографски

Најтрофејниот светски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобро платениот фудбалер на планетата Кристијано Роналдо се уловени на тајна средба далеку од очите на јавноста во Ријад.

Ѓоковиќ минатата недела беше во Ријад, каде што беше дел од егзибицискиот турнир „Сикс Кингс Слем“, а Роналдо веќе долго време игра за Ал Наср во истиот град.

Ноле поради повреда мораше да му го предаде мечот за третото место на Тејлор Фриц. Легендарниот тенисер сепак не заминал веднаш од Ријад на рехабилитација туку имал работа надвор од теренот.

Српскиот тенисер имал средби со великани како што е Шекил О’Нил, со кого беше на конференција, а сега се појави и слика од средбата со Кристијано Роналдо.

Србинот и Португалецот се познаваат долго време и можно е само да разговарале во друштво на пријатели, но со оглед на сè почестите маркетиншки потфати и инвестиции на Ѓоковиќ – дури и во светот на фудбалот – можно е темата да била и бизнис.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com