НЕ можеше да помине без тајни и мистерии.
Доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, беше погребан на големиот српски празник, но и на денот на Третото српско востание на чело со Драгољуб Дража Михаиловиќ на Равна Гора – 8 мај.
Неговиот погреб не можеше да помине без тајни и мистерии.
Најголемата тајна беше што всушност има во ковчегот што беше изложен во сегашната зграда на српскиот парламент и покриен со знамето на Југославија со петокраката?!
Целата мистерија околу погребот, на кој на едно место се собраа најголем број светски државници досега, д-р Обрен Ѓорѓевиќ, поранешниот шеф на српската служба за државна безбедност, во магазинот „Интервју“ му ја откри на новинарот Марко Лопушина.
Имено, тој тогаш изјавил дека телото на Јосип Броз Тито никогаш не било во ковчегот, туку дека таму имало песок.
– Кога почина Јосип Броз Тито, одредени членови на Претседателството на СФРЈ, пред се Стеван Дороњски и Стане Доланц, сакаа да го балсамираат и да го стават во мавзолеј, како оној на Ленин на Црвениот плоштад. Телото на Тито сепак било полно со разни лекови, па почнало предвреме да се распаѓа и околу него да шири непријатна миризба. Од медицински и хигиенски причини, пред се, Доланц, Микулиќ и Дороњски решија погребот да го направат без неговото тело.
Имаше песок во ковчегот што беше изложен во Сојузното собрание – изјави Ѓорѓевиќ за Интервју, кој на тој начин ги откри сите мистерии.
Секако, и денес многумина се прашуваат дали Јосип Броз Тито е навистина погребан во Куќата на цвеќето, зошто на мермерната плоча нема пентаграм и многу други прашања кои се резултат на разни теории на заговор или не.