Познатата актерка, Мекензи Филипс (63), за време на разговорот пред камерите со славната Опра Винфри, ги открила грозоморните детали од врската со нејзиниот татко.
Нејзината исповед е можеби една од најшокантните што сме имале прилика да ги чуеме во шоуто на Опра, а освен тоа, актерката за вознемирувачкиот однос со татко си пишувала во нејзината книга, „High on Arrival“, во која пишувала за тоа како било да се расте покрај познатиот рокер и нејзин татко, Џон Филипс. Всушност, едно поглавје од таа книга било причината за да Опра и Мекензи го започнат разговорот за силувањето кое актерката го доживеала од својот татко.
Филипс починал 8 години пред нејзиното признание, кое најмногу ги потресло нејзините полусестри Чина и Бија, како и вдовицата и неговата поранешна сопруга.
Оваа 63-годишна жена единствено жали што на таков начин ја открила оваа тајна на семејството. „Кога се дозна за нашата тајна, сè излезе од контрола. Но, единственото нешто што навистина би го променила е начинот на кој моето семејство дозна за сè. Требаше подобро да ги подготвам за тоа дека јавно ќе објавам сè“, изјавила американската актерка и пејачка.
Во својата биографија, Мекензи го опишала турбулентното детство, младоста и односот со нејзиниот татко, кој ѝ понудил кокаин кога таа имала само 11 години. По нејзините зборови, заедно се дрогирале, а во сексуална врска биле цели 10 години – од нејзината 19-та година. „Се разбудив една ноќ со „дупка“ во сеќавањето и сфатив дека сум имала односи со татко ми. Не знам како започна се“, биле зборовите на Филипс, која тогаш била тинејџерка.
Џон Филипс, фронтменот на групата „Mamas and the Papas“, ја силувал својата ќерка во хотелска соба кон крајот на 1970-тите. „Го потиснав тоа. Многу рано во животот посакав сè да поделам на поглавја … Ова беше „мајката“ на сите тешки искуства. Изминатите 30 години ги поминав обидувајќи се да не мислам на тоа“, изјавила Мекензи.
„По првиот пат отидов кај татко ми и му реков дека мора да разговараме за тоа како ме силувал. Тој ми одговори: „Те силував? Сакаш да кажеш, како водевме љубов?“ Во тој момент помислив дека навистина сум сама во сето ова“, објаснила актерката.
„Вечерта пред мојата свадба, татко ми дојде решен да спречи сè. Испив многу апчиња, а тато измеша апсолутно сè. На крајот се онесвестив на неговиот кревет“, се присетила Мекензи во својата книга.
„Бев половина личност, мојата тајна ме изолираше. Една вечер татко ми рече: „Можеме да побегнеме во некоја земја каде што никој нема да нè гледа со презир. Има земји каде тоа е прифатено. Можеби Фиџи“.
На 19-годишна возраст, Мекензи се омажила за Џеф Сеслер, а во текот на бракот продолжила да има сексуални односи со нејзиниот татко, додека не забременила, но не била сигурна кој е таткото на бебето. Џон Филипс го платил абортусот, а наводно тогаш ја прекинале врската.
Како што истакнала, на својот татко му простила на смртната постела во 2001 година, а по неговата смрт им се вратила на старите навики и пороци и повторно станала зависник од наркотици.
Уште подоцна, Мекензи признала дека долго време се борела со зависноста од дрога, а во еден момент бил уапсена поради обид за шверц на хероин.
Сепак, лошите денови конечно се зад неа, а поранешната детска ѕвезда сега живее далеку од Холивуд, како работничка во центар за рехабилитација.
Таа била во брак 3 пати, а во првиот брак го добила синот Шејн Баракан, кој исто така се занимава со музика, а Мекензи е неговата најголема поддршка.