50-годишник од Данска на денот на својата венчавка ја силувал родената ќерка (20).
Тој ден склопил нов брак и правел свадба, а меѓу гостите била и неговата ќерка од претходниот брак, која не ја видел повеќе години, се до Божикот 2017 година. Тогаш ја повикал на свадба. Меѓутоа младата девојка многу испила и не можела да оди до својата соба па таткото со уште еден член ан семејството околу 2.30 часот утрото ја однеле во апартманот за младенци, кој бил најблизу и ја сместиле во брачниот кревет. Час ипол подоцна, стигнале и младенците и легнале во истиот кревет, таткото во средината. И во тој период од 4 до 4.45 часот, таткото ја грабнал ќерката и почнал да ја силува.
„Кога му рекла да престане и се обидела да стане, силно ја удрил во градите. Паднала на грб и тој ја силувал иако повеќе пати го молела да престане“, рече обвинителот додавајќи дека девојката не била во состојба да се брани, зошто се уште била пијана.
Таткото силувач се бранел дека заспал и не се сеќава на ништо. Утредента и телефонирал и и се извинувал на ќерката тврдејќи дека мислел дека е жена му, на што таа му одговорила дека ќе ги прекине сите контакти со него, пишува Екстра бладет.
Прогласен е за виновен за силување и осуден на две ипол години затвор.