Американецот Гери Симард (44) се удавил на плажа во Масачусетс додека се обидувал да го спаси својот син.
Тој кобниот ден бил на плажа со семејството. Неговиот син пливал во океанот, кога струите наеднаш го одвлекле од брегот во длабочините.
Гери го слушнал како вика за помош, а потоа се втурнал во водата за да го спаси.
0Неговиот син бил извлечен на безбедно од двајца пливачи, но Гери за жал се удавил.
Лекарите од Итната помош се обиделе да го реанимираат на плажата, бил префрлен во болница, но сепак починал.
Семејството на Гери го опишале како голем херој кој живеел за своите деца.
“Мојот син е херој. Го спаси својот син и го загуби животот”, изјавила неговата мајка Линда.
Зад себе ги остави сопругата и четирите деца, објави Њујорк Пост.