50 годишен Хрват од близина на Копривница шест години си ја силувал ќерка си. Девојката од својата 12 – та година трпела семеен ужас. Растела сама со татко и, без мајка, секојдневно трпела сиромаштија и алкохолизам. Кога наполнила 18 години , се обидела да избега , но тој ја следел и малтретирал . Сега таа има 20 години, но кога почнало силувањето била малолетно девојче. Таа самата го пријавила, а обвинителството го товари за силување дете и други тешки кривични дела.
Додека трае истрагата тој е затворен во истражниот затвор во Вараждин.