37-годишниот Адмир Совиќ ги закла своите три малoлетни деца и потоа се обеси во семејната куќа во Бихаќ. Најмладото имало 2 години, средното 5, а најстарата ќерка одела во трето одделение.
Како што пренесува босанскиот Аваз, мотив за ваквото крваво злосторство е затоа што пред дваесетина дена него го оставила неговата сопруга. Тој претходно и се заканувал на сопругата дека ќе ги убие децата ако го остави, но никој не го разбирал сериозно.
Случајот во полиција го пријавил неговиот шура кој во фамилијарната куќа живеел со нив.