Чад Кемпел е татко на Габриел, Грејсон, Линколн, Ноел и Престон Кемпел, а минатиот викенд го собори рекордот на маратонот во Оукленд.
„Јас сум првиот човек што го направил тоа“, изјави Кемпел за Ајдахо Њуз 6.
Тој ја завршил трката за 2 часа и 19 минути, далеку под планираното време, со што обезбеди рекорд.
„Децата ми велеа да трчам побрзо, а јас умирав и се препотував. Заборавив колку е тешко, особено кога трчав на угорница“, додал тој.
Ова бил втор обид на Кемпел да го собори овој специфичен рекорд, а тој го држи и рекордот во трчање маратон со туркање пет деца во количка, подвиг што му успеа на маратонот Модесто во 2019 година кога неговите деца сè уште беа бебиња.
“Трчањето е мојот антидепресив, моето бегство. Секоја емоција ја врзувам со трчањето. Кога станав татко на пет деца, не очекував да соборувам рекорди со нив, но така испадна”, рекол тогаш тој.