Најмладиот син на славниот музичар Брус Спрингстин, Сем стана пожарникар во градот Џерзи. Брус кој има напишано многу песни за работничката класа, заедно со сопругата Пати Скалф, со голем аплауз го поздрави Сем за време на давањето заклетва.
-Сите сме многу возбудени поради Сем. Тој изминативе године беше посветен на својата цел да стане пожарникар -изјави Брус чие богатство се проценува на 500 милиони долари.
-15-те нови колеги ја поминаа потребната обука и ригорозниот тренинг -вели градоначалникот Ствен Фулоп кој се дружеше со Брус Спрингстин за време на заклетвата.
-Малку разговаравме за музика, а повеќе дека тие се горди родители на нов пожарникар во Џерзи – напиша градоначлникот на Твитер.