Жител на Канзас, Том Вестерхаус и неговата ќерка Медокс станаа херои на денот спасувајќи го животот на 4-годишно момче од давење во базен во дворот на семејната куќа.
Имено, 12-годишната Медокс за среќа погледнала кон соседниот двор и го видела момчето како влегува во базенот.
Во младоста, Том одел на курс за спасување, реагирал многу брзо и направил сѐ што можел за да ја спречи трагедијата. Тој скокнал во базенот и го извлекол момчето, по што веднаш го применил методот на вештачко дишење и масажа на срцето.
Момчето по име Кзавиер, кое имало аутизам, било во несвест две минути додека Том правел сѐ според правилата за да го врати во живот. По долги две минути момчето конечно почнало да искашлува вода, а набргу потоа пристигнала брзата помош, што во меѓувреме ја повикала ќерката Медокс.
Мајката на момчето Алексис Ригни на тој начин го избегнала најлошиот кошмар на многу родители. Додека се одвивала вистинската драма, таа била во куќата со четиримесечно бебе. Таа сфатила дека Ксавиер исчезнал дури кога ги слушнала сирените на брзата помош.
Херојското дуо татко и ќерка ги добиле наградите „Херој на градот“ за навремената и храбра интервенција за спасување на животот на момчето.