Татко монструм од Охајо ги наредил своите три мали сина во дворот и испукал по еден рафал во секој од нив.
Чад Дорман од градот Монро на сослушувањето признал дека планирал да ги погуби децата, додека главниот обвинител на округот Клермонт, Дејвид Гаст рече дека тоа е најлошото злосторство што го видел во неговата кариера.
Дорман ги наредил 3, 4 и 7-годишните момчиња во предниот двор и ги егзекутирал со пушка. Гаст рече дека едно од момчињата се обидело да избега во полето, но Дорман го фатил и го вратил во куќата и го убил.
Дорман вчера се појавил пред судот по три точки од обвинението за тешко убиство. Тој бил изведен пред судот окован и облечен во зелен елек, кој обично се користи за да се спречат луѓето да се самоубијат. Неговата кауција е одредена на 20 милиони долари на барање на обвинителот.
– Траумата што ја предизвика овој човек е неопислива. Невозможно е да се сфати овој вид на ужас. Тој беше нивниот свет. Тој им беше старател и ладнокрвно ги егзекутира – рече обвинителот.
Гаст откри и дека Дорман не само што признал дека ги извршил убиствата, туку и дека ги планирал.
– Не можеме да именуваме личност која претставува поголема закана за заедницата – рече Гаст.
Обвинителот рече дека замениците на шерифот кои пристигнале на местото на злосторството се обиделе да ги реанимираат момчињата.
– Ги држеа момчињата знаејќи дека не можат ништо да им помогнат – рекол Гаст.
Диспечерскиот центар на округот Клермон примил два повици во врска со инцидентот.
Неидентификувана жена се јавила на 911 во 16 часот и 15 минути, врескајќи дека нејзините „бебиња се застрелани“. Вториот повик бил во 16 часот и 18 минути, кога едно лице возејќи покрај куќата повикало полиција и кажало дека „млада девојка“ трча по патот велејќи дека „таткото ги убива сите“.
По пристигнувањето на полицијата, децата биле пронајдени мртви во дворот пред нивната куќа. Подоцна пред куќата била пронајдена жена (34) со прострелна рана на раката, но идентитетот на повредената не е соопштен, а локалните медиуми неофицијално јавуваат дека таа е мајката на убиените момчиња.
Замениците на шерифот го нашле Дорман како мирно седи надвор на скалите откако ги убил децата. На видеото снимено од камерата на телото на полицаецот се гледа дека тој не пружал отпор.
„Тој беше приведен без инциденти и сослушан“, рече главниот заменик Крис Стратон.
Градот Монро во округот Клермон има околу 7.500 жители според резултатите од последниот попис.
Се наоѓа на реката Охајо на околу 40 километри источно од Синсинати.