Таткото кој ноќеска си ги уби трите деца е Харалд Копиц, Австриец кој живеел и во Загреб. Хералд е од Виена, а живеел на релација Загреб – Виена. Во хрватската престолнина имал и компанија, иако во својата кариера работел како консултант и преговарач за повеќе големи компании. Главно се бавел со финансии.
Во статус објавен на Фејсбук околу полноќ, тој најавил дека може да направи нешто страшно. Во статусот меѓу другото напишал „Збогум на сите…“ и како мотив за својот чин ги навел лошите односи меѓу поранешната сопруга и неговата сегашна партнерка. Тој исто така навел и дека во последнва година и пол се обидувал да се врати на работа, а ги споменувал и „браќата од масонската ложа“ кои не сакале да му помогнат.
Инаку, татко со голи раце си ги задавил трите деца – близнаци, момче и девојче на 7-годишна возраст, и уште едно синче на 4-годишна возраст. Се се случило во нивниот луксузен стан, а откако таткото ги задавил децата се обидел да се самоубие.
Сепак, како што пренесуваат тамошните медиуми тој преживеал и бил однесен во болница, а телата на трите деца, од кои најмалото четиригодишно дете кое било пронајдено во спалната соба, како и близнаците во дневната соба, ги шокирале сите полициските службеници кои биле на местото на ова невидено злосторство.