“ Или ќе им правда за моето дете или ќе станеме “Див Запад“, па секој ќе се снаоѓа како умее и знае, ќе си ја земе правдата во свои раце “ изјави за „А1он“ меѓудругото Љупчо Цековски, таткото на Фросина, по одлуката на апелација за намалување на казната на три години, на возачот Љубиша Видојковиќ.
Инаку, пред четири години младата студентка од Крива Паланка Фросина Цековска (20) загина на пешачки премин во сообраќајка на булеварот „Партизански одреди” во Скопје кај Универзална сала. Возачот Љубиша Видојковиќ не ни застана. Беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.. Вчера шестгодишната казна затвор, Апелацискиот суд во Скопје му ја преиначи во тригодишна казна затвор.