По српскиот педофил Нинослав Јовановиќ познат како „Малчанскиот бербер“, се трага веќе две недели, а во меѓувреме изјава за медиумите даде неговиот татко. Тој вели дека се срами од својот син и не сака да слушне за него. Рекол дека дваесет и две години затвор не помогнале Нинослав да се поправи.
“Го пријавив неговото исчезнување уште во јули. Оттогаш го немам видено, слушнав дека се шета наоколу, но не знам ништо повеќе од тоа. Кога слушнав дека ја киднапирал Моника се загрижив само за тоа дете. За него не. Ништо што има врска со него не ме интересира. Тој е голем товар кој го носиме на плеќите – вели таткото на Јовановиќ, пренесе Вечерње новости.
Таткото одбил новинарите да го фотографираат и да му го објават името.
Инаку, потрагата по “Малчанскиот бербер“ синоќа се одвиваше во населбата Дуваниште во Ниш. Неофицијално, полицијата има некои сознанија дека Нинослав Јовановиќ се наоѓа во овој дел од градот.