Таткото на нашата олимпијка и ликовен уметник, Дивна Пешиќ Грозданов, Благој Пешиќ е осуден на осум години затвор. Пресудата на Пешиќ кој е тренер по стрелаштво му беше изречена во Основен суд Велес, а е прогласен за виновен за полов напад врз дете кое што не наполнило четиринаесет години.
„Ја прифаќам, но не се согласувам. Јас сум невин и ќе се жалам на апелација“, рекол Пешиќ.
Пресудата ја слушна и мајката на оштетеното девојче, која веднаш потоа ја напушти судницата.
Инаку, настанот се случил кон крајот на март 2017 година. Родители на 13 – годишна ученичка по стрелање пријавиле дека во повеќе наврати го обљубил девојчето, по што му беше одреден притвор.