Белградскиот радиолог Владимир Кечмановиќ (47), татко на Коста Кечмановиќ (13), кој уби девет деца и училишен чувар во училиштето во Врачар и рани пет пријатели и наставничката по историја, ја дели затворската ќелија со Никола Остојиќ, познатиот белградски хирург кој беше приведен на почетокот на годината откако крвнички ја претепал својата сопруга, мајката на нивните три малолетни деца, објави Republika.rs
Двајцата лекари се во притвор во Централниот затвор Белград.
Српскиот портал пренесува дека таткото на Коста Кецмановиќ му се придружил на Остојиќ во собата што ја делел со уште двајца цимери.