По повеќе од четири децении, откриена е добро чуваната тајна на Ана Бекута и човекот што е татко на нејзиниот син Игор Полиќ. За да ги спаси пејачката и синот од семејството кои сакале да ги убијат, таткото на Игор минал низ пекол. Имено, Ана и нивниот син сакале да ги убијат затоа што таа забременила пред нивната врска да биде крунисана со брак, што било недозволиво за тоа време.
„Тогаш запознав жена борец и херој и никогаш повеќе. Нашиот син е роден од голема љубов. Ана беше премлада, а бременоста беше шок за сите во семејството. Кога слушнаа за тоа, некои во семејството сакаа да ги убијат неа и детето, такво беше времето. Патријахално и заостанато“ – кажал таткото како реагирало неговото семејство на бременоста на Бекута:
“Јас лично отидов и ги молев да не ја повредат ниту неа ниту бебето. Викнав: Убијте ме мене, неа не ја допирајте! Не сте ни свесни колку пропатила Ана, но таа е лавица. Таа се бореше за сè, а јас бев слабак и кукавица. Немав сила да се борам заедно со неа. Таа ги реши сите проблеми без мене и моја помош и сега се срамам од тоа. Кришум одев да го посетам син ми додека тој беше во домот за сирачиња. Само ми требаше да го допрам и да го помилувам. Сега сум пресреќен што прерасна во чесен човек и домаќин. Сè на по залуга и на грбот на Ана. А таа остана убава. Со чисто срце и образ. Ја сакав како бог, никогаш нема да ја заборавам. Тоа е болна приказна, никогаш нема да ја заборавам! Би дал сè за да можам да го вратам времето назад, но сега за тоа е предоцна“.