Популарниот актер и водител Тарик Филиповиќ ја обвини жената која чистела кај него Аница Јурилј дека го ограбила во неговиот стан. Таа наводно му украла прстен во вредност од 5.000 евра, златни предмети во вредност од 20.000 евра, 100 канадски долари и други работи.
– Накитот ни беше во гардеробата во спалната. Прво, на мојата баба и фалеа 100 канадски долари, а Аница чудно се однесуваше, па го призна делото. Се правдаше дека мажот и е во долгови. Сакавме случајот да го решиме по мирен пат, на ништо од украденото не врати, – Тарик му раскажал на обвинителот.
Сепак, Аница ги негира обвинениета.
https://www.instagram.com/p/BtacnGvHh08/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
а
– За односот со Тарик не сакам да зборувам бидејќи тоа е приватно и интимно. Во 2010 почнав да работам кај нив, ми дадоа и клуч. На 11 март 2013 имав некој работа па отидов во Дубрава. Два дена подоцна Тарик ме викна на кафе и ме обвини дека сум го ограбила. Како тие предмети се најдоа во мојата торба, треба да го прашате Тарик, – вели Аница која наводно предметите ги продала за над 1.000 евра.
Инаку, судењето е во тек, но на 27 март се одложи, бидејќи не се појавил златарот од Сараево кој има ист прстен како оној исчезнатиот на Тарик, но го проценил за два пати помала сума од таа што ја проценил водителот.