Поп-ѕвездата Ријана не престанува да ги поместува границите на голотијата дури и во бременоста.
Таа вчера присуствуваше на ревијата на Диор на модната недела во Париз каде дојде во црна долна облека над која носеше целосно проѕирен мрежест фустан. Таа носеше високи црни лакирани чизми и црн капут.
Ваквиот стајлинг на познатата пејачка уште еднаш го покажа нејзиниот стомак.
Ријана неодамна објасни зошто со секој стајлинг го истакнува трудничкиот стомак.
„Моментално работам на промовирање на идејата дека трудниците се уште изгледаат привлечно, иако околината ве тера да го правите спротивното, да скриете нешто. Затоа се обидувам да носам работи за кои можеби немав самодоверба да ги пробам пред да забременам“, рече таа.