Тамара Тодевска и го донесе најдобриот пласмана на нашата земја на настапите на песната на Евровизија. Тамара со “Proud“ се пласира на осмото место на 64-то издание на „Евросонг“ во Тел Авив. Таа освои 237 поени од стручното жири, но само 58 од телеволтингот. Нејзи максимални 12 поени и доделија Велика Британија, Австрија, Албанија, Молдавија, Швајцарија и Србија. Она што непријатно нѐ изненади се скромните поени од Словенија (2), а од Грците добивме еден поен. Од жирито најмногу гласови доби Шведска – 239, втора беше Македонија – 237, а трета беше Холандија со 231 глас.
Најдобриот пласман за нашата држава досега го држеше Елена Ристеска, која беше 12-та со песната „Нинанајна“ на натпреварувањето во Грција во 2006 година.
„Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, кратко напиша Тамара на својот Твитер налог.
Инаку, победник на годинашниот Евросонг е Данкан Лоренс од Холандија со песната “Аркада“. Тој и пред годинешниот избор беше главниот фаворит за победа кај обложувалниците..
Спектакуларниот Евросонг со својот настап го надополни специјалната гостинка, кралицата на светскиот поп Мадона, која исполни две песни во придружба на хор и раперот Кваво.