На денешната онлајн прес-конференција со екипата на „Медена земја“ која се уште е во Лос Анџелес по церемонијата на доделување на Оскарите, тие порачаа дека не се разочарани од тоа што не освоиле Оскар. Еден од режисерите, Тамара Котевска е среќна за успесите на филмот, без разлика на тоа дека не освоија Оскар.
-Нас секој ден ни се случуваа Оскари. Најважно беше што Атиџе беше тука. Таа беше главна ѕвезда. Мислам дека ова нашето нема да се повтори во скоро време. Нема разочарување за тоа што не зедовме Оскар. Срамота е да се има разочарување, истакна Котевска.