Пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар вчеравечер ја собра естрадата, спортистите, колегите, роднините, соработниците, пријателите… на мекици, на голема прослава на која се пееше, пиеше и славеше за наследникот на Тамара и Мачка, синчето Дарен.
Меѓу гостите се најдоа: Лила Филиповска, Катарина Ивановска, Сергеј Варошлија, Перо Антиќ, Стојанче Стоилов, Миа Костова и многу други…
За забавата беа задолжени група „Маестро“, но главна на микрофонот беше Тамара која пееше од народно до забавно, а пак Мачка повторно ја искина кошулата како кога славеше за доаѓањето на Хана.