Тамара Тодевска настапи во најпознатиот геј -клуб во Лондон, Royal Vauxhall Tavern. Таа успеа да го наполни клубот со фанови пред кои пееше речиси еден час. Забавата почна на полноќ, а Тамара ги отпеа своите најголеми хитови, како и евровизиската Proud. Во еден момент таа го развиори и македонското знаме.
Клубот се смета за едно од најзначајните места за ЛГБТ-популацијата во историјата и има добиено голем број признанија поради својата улога во подигањето на свеста и прифаќањето на оваа група на членови во општеството.
Инаку, Настапот на Тамара во Лондон е дел од нејзината европска турнеја која започна минатиот ноември во Мадрид. Тамара во моментов работи на својот трети студиски албум а наскоро се очекува и прмоција на видео записот на нејзиниот нов сингл Monsters.