Талибанците се снимени во луна парк, еден ден откако го освоија главниот град на Авганистан, Кабул. Британски „Гардијан“ објави снимки на Твитер од Кабул.
Талибанските борци, некои од нив со оружје во рака, може да се видат како уживаат во возењето по електричните автомобили на видеата. Во друго видео, може да се видат талибански борци како јаваат на рингишпил.
Коментарите се различни, почнувајќи од оние дека тоа е многу застрашувачки и дека тоа се диви животни со маски на обични луѓе до оние иронични дека талибанците се отпорни на Ковид-19 и дека вежбаат возење во сообраќајот.
Неодамна, социјалните медиуми беа преплавени со сцени од Авганистан додека Талибанците ја преземаат власта.
Едно видео кое се врти на Интернет покажува неколку талибански бунтовници што се движат по улиците со микрофон на известувачот и ги замолуваат луѓето да споделат колку се среќни под „владеењето на Талибанците“.
https://twitter.com/i/status/1427361212707311622
It seems all they wanted was free rides at the theme park #Taliban pic.twitter.com/qh00uk96UK
— Shakib Noori (@shakibnoori) August 16, 2021