“Зоран Ставрески во телефонски разговор со негова колешка, во афект ме нерекол „копиле” и „корумпиран до даска” – рече првообвинетиот во аферата „Транспортер” Владимир Талески, објави Слободен печат.
Тој објаснил дека тогашниот министер за финансии тоа го кажал ден после протестот на автопревозниците во Битола, откако барале да бидат зголемени сумите за превоз на ученици на делниците за кој биле ангажирани. Талески тврдеше дека ургирал усно и писмено кај двајца министри за образование и кај министерот за финансии, но безуспешно.
Инаку, судењето за „Транспортер“ почна на 28 септември 2017 година, но расправата почна од почеток. Обвинети се 21 лице за злоупотреби на буџетот со превозот на ученици во Битола. Меѓу обвинетите се ексградоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски, експретседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на средни училишта, како и превозници кои наплаќале двојно повисока цена за превозот.