Актерот Дритон Вејсели, позат како Талат од сесијата „Преспав“ раскажа интересна приказна која му се случила надвор од снимањето на серијата.
Дритон седел во еден ноќен клуб со пријател и забележале две атрактивни девојки кои седеле близу шанкот.
„Излегов надвор на цигара, и кога видов, излезе и една од девојките. Таман мислев дека имам шанси да и се пуштам. Таа ми рече: Ја гледаш другарка ми? Ја гледам. Епа, мајка и те обожава“, раскажа актерот во емисијата „Еден на еден“.
Преспав минатата недела ја почна новата сезона на Македонската телевизија, збогатен со уште еден нов лик, бугарската актерка Јана Маринова.