Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо е познат по романсите со млади, популарни и атрактивни девојки. Но, сите тие наполнат ли 25 години, Леонардо им раскинуваше.
Ди Каприо прво ја откачи Жизел Бундшен со која беше во периодот од 1999 до 2004 година. Веќе од наредната година, друштво му правеше Бар Рафаели до 2010 година. Со Блејк Лајвил беше од 2011 година, а од 2012 година се забавуваше со Ерин Хетертон. Актерот од 2013 година се забавуваше со Тони Гарн, и тоа цела година дена. Со Кели Рорбах се забавуваше во 2015 година. Атрактивната Нина Агдал му беше девојка во 2016 и 2017 година, а со Камила Морон со која во моментов е во врска, се забавува од 2018 година.
На сите заеднички “критична“ им беше 25 година кога Леонардо ги оставаше.