Таксистот Игор Наѓ најверојатно од љубомора ја убил поранешната партнерка, нејзиниот 10-годишен син, родителите, сетрата и нејзиното момче. Преживеало само двомесечното бебе кое што го имал со неговата партнерка Маја. Потоа тој шест часа бегал од полицијата.
Како што пишуваат хрватските медиуми, по масакрот Наѓ се паркирал во близина на Брезовечкото езеро. Таму бил опколен од полицијата и се обидел да ја прескокне оградата во дворот на Домот на Каритас за бедомни деца. Кога сфатил дека нема излез си пукал во главата.
Според неговите познаници, тој најавил дека нешто лошо ќе се случи. Наѓ вчера во 9 часот дошол во кафуле во една населба во Загреб каде с задржал до 14 часот. За тоа време испил неколку чаши „Пелинковац“, а кога си одел на пријателите им рекол дека го гледаат за последен пат.
Пред три години без причина нападнал момче на тераса од кафуле во Загреб, но никогаш не се појавил на судењето. И покрак тоа поминал само со парична глоба.
Неговата мајка Марија живее во семеен дом во Брезовица, недалеку од езерото, каде нејзиниот син го заврши животот.
,,Навистина не знам што да кажам. Може да напишете било што, вистината и така нема да се дознае. Се е премногу тажно. Голема болка“, вели таа за медиумите.
Според соседите, Игор често ги посетувал неговата мајка, очувот и полубратот. Тој доаѓал еднаш месечно, и како што велат соседите, се случувало со себе да ја донесе и Маја и нејзиниот 10-годишен син Паул, кои што ги застрела синоќа. Во последните неколку недели, велат мештаните, тоа се променето. Тој почнал многу често да доаѓа, ја посетувал мајка си речиси секој ден.