Семејството на хитмејкерот и композитор Рајко Дујмиќ кој денеска почина по сообраќајката што ја имаше минатата недела, одлучиле неговите органи да ги донираат како би спасиле некој живот. Пред се, тоа била одлука на неговата сопруга Снежана која се одлучила за овој хуман чин.
“ На тој начин Рајко и понатаму ќе живее“, рекла Снежана.
Инаку, пријателите и обожаватели се простуваат од музичарот. Иако со години не беа во добри односи, веста многу ја погоди пејачката на “Нови фосили“, Сања Долежал.
-„ Страшно тешко ми е мене на Зец и Маринко. Тешко е било што да се каже во овој момент. Единствено што можам да кажам дека тој беше еден од најголемите музичари кој некогаш се родил на овие простори. Беше голем учител, пример, авторитет и единствена утеха се песните кои остануваат зад него и кои ќе не надживеат сите нас. Сочуство до семејството, знам низ што поминуваат. Престрашно“. – изјавила Долежал.
Сочуство на социјалните мрежи споделија и Тони Цетински, Жак Хоудек, Ванна, Горан Каран, “Парни ваљак“ и многу други.
Инаку, Рајко Дујмиќ, почина на 65-годишна возраст. Тој на 29 јули ја загубил контролата врз своето возило кај Равна Гора и слетал во бездна длабока 11 метри по што бил сместен во одделот за интензивна нега на Клиничкиот центар во Ријека. Тој денеска им подлегна на повредите.