Американскиот режисер Тим Бартон и италијанската актерка Моника Белучи веќе некое време уживаат во хармонична врска, која привлекува многу внимание во јавноста, но парот останува верен на својата одлука да ја сочува приватноста и не споделува премногу.
Затоа медиумите и фановите се најчесто принудени да дознаваат повеќе за нивната врска со интерпретирање на фотографиите и снимките кои ги прават папараците, а најновото видео на овој пар привлече многу коментари, и тоа негативни.
Бартон и Белучи, кои моментално го промовираат филмот „Beetlejuice 2“ продолжението на култната хорор-комедија од 1988 година, која ќе се прикажува во кината од септември, биле видени пред хотелот „Риц“ во ситуација која ги налути фановите на италијанската дива.
Парот забрзано влегол во хотелот, а фановите на Белучи забележале дека таа носи торби додека режисерот ја спуштил раката на нејзиниот грб.
„Зошто таа ги носи торбите?“, „Можеби е уметник, но овој човек не е џентлмен“, „Како не му е срам?“, „Така не се третира Моника Белучи“, „Постојано се прашувам зошто се заљубила во овој човек“, се дел од коментарите на сметка на славниот режисер.
Ова не е првпат Моника да носи багаж покрај својот партнeр, а еден од примерите се папарацо фотографиите направени на аеродром во Грција.
Белучи не зборува многу за љубовта со Бартон, а во интервју за „Marie Claire“ неодамна истакна дека сака да ги споделува своите емоции и работно искуство со новото момче.
„Доколку сум со него, причината е пред сè тоа што ме допира неговата душа. Кога ми понуди клучна улога во неговиот нареден филм, веднаш се согласив бидејќи сакам, освен љубовта, со него да го споделам и работното искуство“, истакнала таа.
Италијанката претходно за француското издание на магазинот „Elle“ потврди дека се среќно заљубени и дека ѝ е драго што го запознала Тим Бартон како човек.