Холивудската глумица Хали Бери одговори на негативните коментари на ЛизаРеј МекКој за нејзиниот сексуален живот.
За време на шоуто Fox Soul’s Cocktails With Queens McCoy, МекКој и нејзините ко-водители Клаудија Џордан, Вивика А. Фокс и Силена Џонсон прво разговарале за тоа дали Тони Брекстон е добра во кревет.
„Тони Брекстон имаше неколку добри момци“, рече Џордан, имплицирајќи дека мора да била добра во кревет. Тогаш МекКој одговори: “Не знаеме што прави во спалната соба. Може да биде како Хали Бери”.
Кога Џордан ја замоли ЛисаРеј да разјасни дали таа инсинуира дека Хали е лоша во кревет, таа рече: “Така велат. Го прочитав и го слушнав тоа”.
На Хали не и требало многу време да одговори на овие коментари.
„Прашајте го мојот човек Ван Хант, тој ќе ви каже сè што треба да знаете“, напиша Бери на Твитер покрај емотиконот што плаче од смеа.
Хант замолчи, а Мекој не одговори на објавата.
Инаку, сексуалниот живот на Хали Бери е главна тема во последно време, а таа неодамна призна дека го доживеала првиот оргазам на 11 години.