Британски „Vogue“ објавил видео од нејзиниот од, од ревијата на социјалната мрежа Инстаграм во вторникот, а Хилтон носела црн, мини фустан.
Нејзиниот изглед во комбинација со парот необични закривени чевли на висока потпетица, можеби и била причината поради нејзиниот чуден од којшто ги поттикнал корисниците на социјалните мрежи да се шегуваат на нејзина сметка.
На Твитер имало најмногу шеги, а еден од твитовите гласел: „Вака одам кога еднаш годишно ќе облечам високи потпетици“.
paris hilton walking for the mugler show ✭ pic.twitter.com/C0JWUskatD
— DIDU (@muglare) October 2, 2023
„Вака одам кога сум пијана, а се обидувам да докажам дека не сум“, „Жал ми е, но зошто оди како RoboCop? Ми се допаѓа облеката“, биле дел од другите коментари,а еден корисник прашал: „Зошто оди како кокошка?“.
Имало и такви кои ја бранеле Парис Хилтон, тврдејќи дека таа има свој стил и начин на од уште од 90-тите години.