Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар на 3 мај 13-годишно момче уби осум другарчиња и чуварот на училиштето, а при крвавото дивеење повреди уште шест соученици и наставничката по историја.
Меѓу трагично повредените деца е и девојчето А.Б.(11), кое утрото со својата другарка било дежурно. Откако убиецот уште од врата го убил чуварот Драган Влаховиќ, со истрел од пиштол ги застрелал и нив двете.
Убиената А.Б. била успешна одбојкарка, а ден пред кобното утро се вратила од Грција.
– Утрото кога беше убиена, А.Б. претходно дојде во училницата да се поздрави со другарките. И на некои им даде подароци, рече – се гледаме подоцна, денеска дежурам, изјавила нејзината другарка од одделението.
Несреќното девојче денеска на 6 мај ќе наполнеше 12 години, а наместо да слави роденден таа ќе биде погребана во понеделник на Новите гробишта во Белград.
Инаку, по веста за масакрот во училиштето, родителите со часови трагале по повреденото девојче мислејќи дека е во една од болниците каде се превезуваат повредените ученици.
– Почина нашата мала сосетка. Беше прекрасно дете, имаше само 11 години. Никој не ни помислиуваше дека е убиена. За жал, на крајот ја слушнаа страшната вест. Не можам ни да замислам како се чувствуваат нејзините родители. Сето ова е како хорор филм, рекол соседот на убиеното девојче.
Дедото на А.Б, која загина во ходникот на училиштето како дежурен ученик, собрал сили и дојде да им оддаде почит на трагично повредените деца и Драган Влаховиќ, човекот кој ги пречекуваше и испраќаше дечињата. Кукал за својата сакана внука, на сите им покажувал фотографии од „убавината на дедото“.
– Сè што мислам дека не е вистина, ќе ми кажат дека внуката си дошла дома…, повторувал неутешниот човек.
Погребот на А.Б. ќе биде во понеделник на Новите гробишта.