Едно од најпогодените места во северна Италија е Бергамо, град со 120.000 жители. Новите информации покажуваат дека нешто помалку од 3.000 луѓе биле заразени само во градот, а дури 70 починале во последните 12 дена. Последната жртва на опасниот вирус е 47-годишен маж кој работел како диспечер во просторијата за итни случаи.
Ситуацијата во градот, најдобро ја опишува кратко видео снимено од новинарот Давид Карета.
Тој го извади локалниот весник „Л’Еко ди Бергамо“ од 9 февруари годинава и се осврна на делот со некролози. Биле објавени преку една и пол страница. Потоа тој го извади вчерашното издание на на истиот весник и почна да ги набројува некролозите. Десет страници само со имиња и слики на луѓе кои починале, повеќето од нив од коронавирус.
Според најновите информации, во Италија се регистрирани 27.710 случаи, од кои 2.158 починале, а 2.749 се оздравени. Во последните 24 часа починаа 349 лица.
Bergamo daily newspaper pic.twitter.com/N3ECABz8dr
— David Carretta (@davcarretta) March 14, 2020