Актерката Риалда Кадриќ Шебек наместо повторно да заблеска на филмското платно во продолжението на „Жикина династија“ ја доживеа судбината на сопствената мајка. А сите оние кои беа соединети во надеж дека „Марија на Боба“ ќе ја оживее истата улога, останаа во шок заради нејзиното прерано заминување – и тоа што животот и намени само „реприза“ на трагичниот крај на мајка и.
– Тој 16 јануари 1991 година мајка ми ненадејно почина на улица во Белград, војната во Југославија се ширеше и решив да останам во Лондон и да почнам некој нов живот, рекла Риалда во една прилика. А овој јануари, на ист начин, од срцев удар да почине и самата, на улица во Атина.