ШТО да направите ако повеќе не можете да се грижите за вашето куче? Да го врзете за противпожарен хидрант и да го оставите секако не е решение. Но, сепак, токму тоа и се случи на шестгодишната кучка која сопствениците решиле да ја напуштат. Тие го врзале кучето за противпожарен хидрант и оставиле голема торба со нејзините играчки, слатки и кучешка храна до неа.
Кајли Енгелхард била изненадена од тажната глетка. Поминала некое време со кучето, тешејќи го и надевајќи се дека сопствениците ќе се вратат. Но, тоа не се случило, па таа го фотографирала кучето и го објавила на Фејсбук, со надеж дека ќе најде нов дом што е можно поскоро. Таа му го дала името Baby Girl.
Таа потоа ја пренела кучката во азилот Wisconsin Humane Society, каде знаела дека Baby Girl ќе биде пречекана со љубов.
„Гледаме дека го направивте она што мислевте дека е најдобро за вашето сакано куче. Бидете сигурни дека е на сигурно, го добива целото внимание што му треба и е на вистинскиот пат да најде семејство полно со љубов. Ако го видите ова, се надеваме дека ќе можете полесно да заспивате знаејќи дека на вашето девојче му претстои среќна иднина“, им рекле на сопствениците на Baby Girl од азилот, чија приказна се надеваме дека ќе добие среќен крај што е можно поскоро.