Во градот Тумана постојано се зголемува бројот на пронајдените жртви, а еден од луѓето кој загуби сѐ во оваа трагедија е Џелал Цакони. Тој загубил седум члена од неговото семејство.
Во интервју за News24, Џелал вели дека неговите блиски знаеле оти зградата не бил добра за живеење, но немале каде да одат.
-Загубив многу блиски роднини. Ова овде е многу голема трагедија. Срушени се четири или пет згради и не знаеме кога сѐ ќе заврши. Има луѓе под рушевините, а истото се случува и во Драч и Тирана. Не знаме каков ќе биде крајот“ – изјави Џелал.
Тој додава дека по првиот земјотрес, сите изглегле надвор, но потоа повторно се вратиле во домот. Вториот земјотрес бил фатален за поголемиот дел од неговото семејство.
– Ни дадоа наредба да не влегуваме во срушените згради, но немаме каде да одиме. Се уште има луѓе во овие објекти. Имаме еден татко кој го бара своето шестгодишно дете под урнатините. Можеби има пет заробени лица – изјави Џелал Цакони.
Фото: Балканвеб